09/20/2024 | Press release | Distributed by Public on 09/20/2024 12:45
Заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, денес ја прими државната секретарка во Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка, Мариа Вартересиан.
На средбата, заменик министерот Димитровски изрази задоволство од развиените силни и долгогодишни билатерални односи, и постојаната взаемна посветеност на двете земји за континуирано унапредување на политичкиот дијалог и сите видови соработка.
Заменик министерот Димитровски ја нагласи важната улога на Норвешка како значаен поддржувач на македонските надворешно-политички приоритети и нагласи дека со својата значајна развојна и експертска помош, Норвешка во изминатите над 30 години значително ја помогна трансформацијата на Северна Македонија во повеќе клучни области.
Димитровски изрази надеж дека посетата на Вартересиан ќе даде нов импулс во унапредувањето на меѓусебната економска и трговска соработка, што ќе биде високо меѓу приоритетите и во работата на Министерството и новата Влада во претстојниот период.