National Bank of the Republic of Macedonia

12/25/2025 | Press release | Distributed by Public on 12/25/2025 06:32

Нова веб-апликација на Народната банка за полесно споредување на банкарските кредити и депозити

Скопје, 25 декември 2025 година

Народната банка овозможи нова веб-апликација "Споредба на податоците од банките и штедилниците за кредити и депозити за физички лица", современа дигитална алатка наменета за сите граѓани кои сакаат лесно да ги споредат понудите на банките и штедилниците во земјава врз основа на транспарентни информации.

Апликацијата овозможува брз и прегледен увид во каматните стапки и другите важни услови под кои се нудат кредитите и депозитите, со цел граѓаните да можат да донесат финансиска одлука заснована на информации и според нивните лични потреби и можности.

Преку едноставна алатка, корисниците можат да избираат вид на кредит или депозит, да ги споредуваат каматните стапки и надоместоците, да применуваат филтри според типот на производот, износот, рокот, каматните стапки, како и да добијат основни, но релевантни информации за секој финансиски производ на едно место.

Со воведувањето на оваа веб-апликација, Народната банка обезбедува нов, модерен и практичен начин за споредување на понудите на финансиските институции, со што директно придонесува кон зголемување на транспарентноста, јакнење на финансиската писменост и финансиската информираност.

Податоците за кредитите и депозитите ги доставуваат банките и штедилниците и тие се одговорни за нивната точност и за редовното ажурирање.

Народната банка, во рамките на својата улога, и во иднина ќе биде посветена на унапредувањето на транспарентноста, заштитата на потрошувачите, финансиската едукација и довербата во финансискиот систем, преку дигитални решенија во интерес на граѓаните.

Оваа веб-апликација е поддржана од Европскиот фонд за Југоисточна Европа (ЕФСЕ ДФ) и е изработенa со финансиска помош од Европската Унија.

  • A+
  • A-

ИНФЛАЦИЈА

КУРСНА ЛИСТА

Држава

Единицa валута

Среден курс во денари

ЕМУ
EUR

61.4887

С А Д
USD

52.1665

В.Британија
GBP

70.4419

Швајцарија
CHF

66.2308

Повеќе

КУРСНА ЛИСТА

за период: 25.12.2025- 25.12.2025

Држава Шифра Единицa валута Куповен курс во денари Среден курс во денари Среден курс во денари Продажен курс во денари
ЕМУ 978 евро EUR 1 NaN 61.4887 NaN
С А Д 840 САД долар USD 1 NaN 52.1665 NaN
В.Британија 826 британска фунта GBP 1 NaN 70.4419 NaN
Швајцарија 756 швајцарски франк CHF 1 NaN 66.2308 NaN
Шведска 752 шведска круна SEK 1 NaN 5.6905 NaN
Норвешка 578 норвешка круна NOK 1 NaN 5.2091 NaN
Јапонија 392 јапонски јен JPY 1 NaN 0.3345 NaN
Данска 208 данска круна DKK 1 NaN 8.2321 NaN
Канада 124 канадски долар CAD 1 NaN 38.1254 NaN
Австралија 036 австралиски долар AUD 1 NaN 34.9626 NaN
Бугарија 975 бугарски лев BGN 1 NaN 31.4392 NaN
Чешка 203 чешка круна CZK 1 NaN 2.5334 NaN
Унгарија 348 унгарска форинта HUF 1 NaN 0.1579 NaN
Полска 985 полска злота PLN 1 NaN 14.5933 NaN
Рoманија 946 романски леу RON 1 NaN 12.0805 NaN
Турција 949 турска лира TRY 1 NaN 1.2174 NaN
Русија 643 руска рубља RUB 1 NaN 0.6615 NaN
Бразил 986 бразилски реал BRL 1 NaN 9.4488 NaN
Кина 156 кинески јуан CNY 1 NaN 7.4370 NaN
Хонг Конг 344 хонгконшки долар HKD 1 NaN 6.7087 NaN
Индонезија 360 индонезиска рупија IDR 1 NaN 0.0031 NaN
Израел 376 израелски шекел ILS 1 NaN 16.3909 NaN
Индија 356 индиска рупија INR 1 NaN 0.5813 NaN
Јужна Кореја 410 јужнокорејски вон KRW 1 NaN 0.0360 NaN
Мексико 484 мексиканско песо MXN 1 NaN 2.9139 NaN
Малезија 458 малезиски рингит MYR 1 NaN 12.8967 NaN
Нов Зеланд 554 новозеландски долар NZD 1 NaN 30.4445 NaN
Филипини 608 филипинско песо PHP 1 NaN 0.8877 NaN
Сингапур 702 сингапурски долар SGD 1 NaN 40.6268 NaN
Тајланд 764 тајландски бахт THB 1 NaN 1.6803 NaN
Јужна Африка 710 јужноафрикански ранд ZAR 1 NaN 3.1357 NaN
Србија 941 српски динар RSD 1 NaN 0.5239 NaN

ОСНОВНИ КАМАТНИ СТАПКИ НА НАРОДНАТА БАНКА

Инструмент
Каматна стапка
Благајнички записи

4,00%

Расположлив кредит преку ноќ
4,50%
Расположлив депозит преку ноќ
3,50%
National Bank of the Republic of Macedonia published this content on December 25, 2025, and is solely responsible for the information contained herein. Distributed via Public Technologies (PUBT), unedited and unaltered, on December 25, 2025 at 12:32 UTC. If you believe the information included in the content is inaccurate or outdated and requires editing or removal, please contact us at [email protected]