07/09/2025 | Press release | Distributed by Public on 07/09/2025 11:39
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утрово во Скопје оствари средба со амбасадорот на Француската Република, Кристоф Ле Риголер.
На средбата беше потврдена одличната билатерална соработка меѓу Северна Македонија и Франција, со акцент на насоките за понатамошна соработки кои произлегоа од неодамнешната официјална посета на министерот Муцунски на Париз. Двајцата соговорници разговараа за натамошна динамика на соработка во повеќе области од заемен интерес.
Фокусот на разговорот беше ставен на интензивирање на економската соработка, зголемување на француските инвестиции и унапредување на трговската размена. Министерот Муцунски ја истакна важноста од натамошната поддршка од Франција за пристапниот процес на Северна Македонија кон Европската Унија, нагласувајќи дека европската перспектива останува стратешки приоритет на државата.