Ministry of Foreign Affairs of the Republic of Macedonia

11/06/2024 | Press release | Distributed by Public on 11/06/2024 05:16

Средба на ДСЕК Елена Кузмановска со Медлин Нокс, директорка за Западен Балкан во британското МНР, Комонвелт и Развој

Денес, државниот секретар во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, Елена Кузмановска, оствари средба со заменик директорот и директорката за Западен Балкан во Министерството за надворешни работи, Комонвелт и развој на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Медлин Нокс.

На средбата, беа взаемно потврдени одличните билатерални односи и успешната соработка меѓу двете земји, кои ги карактеризираат меѓусебно почитување, партнерски однос и меѓусебна поддршка, како и интензивен политички дијалог и размена на средби на високо ниво.

Државниот секретар Кузмановска ја истакна важноста од одржувањето интензивна соработка и цврсти односи како земји сојузнички во НАТО, и се заблагодари за важната билатерална советодавна и одбранбена соработка со Обединетото Кралство, оценувајќи ја како особено успешна.

Посебен акцент на средбата беше ставен на економските и трговските односи, при што Кузмановска изрази задоволство што нашата земја е сеуште првиот трговски партнер на Обединетото Кралство меѓу земјите од регионот и ја истакна посветеноста на новата Влада, и посебно на Министерството за надворешни односи и надворешна трговија, за натамошно интензивирање и зголемување на британските инвестиции во нашата земја.

Директорката за Западен Балкан во Министерството за надворешни работи, Комонвелт и развој на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Нокс истакна дека како силни партнери во НАТО, Обединетото Кралство е посветено на зајакнување на британско-македонското партнерство, кое се заснова на посветеноста кон заедничките вредности и соработката по стратешките прашања, колективната безбедност и стабилноста, како и можностите за продлабочување на постоечките трговски и инвестициски односи меѓу двете земји.

Ministry of Foreign Affairs of the Republic of Macedonia published this content on November 06, 2024, and is solely responsible for the information contained herein. Distributed via Public Technologies (PUBT), unedited and unaltered, on November 06, 2024 at 11:16 UTC. If you believe the information included in the content is inaccurate or outdated and requires editing or removal, please contact us at [email protected]