05/06/2025 | Press release | Distributed by Public on 05/06/2025 07:43
Република Северна Македонија денеска на 10. Форум на EUSAIR организиран во Крит, го презеде од Република Грција претседавањето со ЕУ Стратегијата за јадранско-јонскиот регион и со Јадранско-Јонската иницијатива. РС Македонија заедно со земјите од Западен Балкан, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, но и земјите членки на ЕУ - Хрватска, Словенија, Сан Марина, Италија учествува во овие комплементарни иницијативи за економски развој, инфраструктурно поврзување, заштита на животната средина, мобилност на младите, енергетска сигурност итн. поддржани од Европската комисија.
Заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, изрази благодарност за досегашните постигнувања во рамки на грчкото претседавање со оваа иницијатива и воедно се заложи за продолжување на добро воспоставените практики.
Заедно со министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, заменик министерот Димитровски денеска учествуваше на министерскиот состанок на земјите членки на EUSAIR и AII, каде што се обрати на темата "Премостување хоризонти, зајакнување на соработката и отпорност и кохезија во Јадранско-јонскиот регион".
Димитровски притоа нагласи дека ЕUSAIR е корисен инструмент за да одговори на барањата на иднината преку имплементирање на ЕУ политиките во целиот Јадрански-јонски регион како витален интерес на нашата заедничка акција. Со одржување на силна посветеност на проширувањето на ЕУ, Европската унија служи како катализатор за регионален развој и за унапредување на поврзувањето помеѓ земјите.
Следните 5 години ќе бидат одлучувачки за иднината на прошируваето на ЕУ. Новиот политички циклус на ЕУ претставува ретка можност да се постават основите за интеграција на Северна Македонија и останатиот дел од Југоисточна Европа во ЕУ. Со други зборови проширувањето мора да стане политичка реалност бидејќи ризиците од непреземање то акција со многубројни и сериозни. Европската унија мора да ја "исчисти маглата" и да постави предвидлива патека за членства. Изразената амбиција за проширувањето да се случи до 2030 г. може да биде реалност доколку е придружено со соодветна посветеност и политичка волја од сите страни.
На маргините на Форумот, заменик министерот Димитровски оствари билатерална средба со заменик министерот за надворешни работи на Република Грција, Тасос Хаџивасилиу при што двајцата соговорници се согласија двете земји да ја унапредат билатералната соработка заради што поголем економски развој, инфраструктурно и енергетско поврзување и побрзо интегрирање на Република Северна Македонија во Европската унија.